Book Creator

Моето Вевчани

by Roza Kitrozoska

Pages 2 and 3 of 12

Loading...
Loading...
Loading...
Вевчани - местоположба и население
Вевчани се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Распослано е на падините на планината Јабланица, на просечна надморска височина од 900 метри, 12 километри северозападно од Охридското Езеро. Вевчани е атипична македонска општина со едно населено место чиј атар од 36 квадратни километри во еден дел ја допира граничната линија со Република Албанија. Според пописот од 2002 година, во Вевчани живеат 2433 жители во 593 активни семејства. Во населбата има уште 300 полуактивни и викенд куќи. Жителите се Македонци, со православна христијанска вероисповед. (од веб-страницата на Атанас Ќушкоски)
Loading...
ПОТЕКЛО НА ИМЕТО
Loading...
Името на Вевчани потекнува од старословенскиот збор вес, кој значи село. Додавајќи наставка за демоним се добива името на селото — Весчани. Во XVII век било нарекувано и Вешчано, а во XX век се користело името Вехчани, за конечно да се прифати официјалното денешно име Вевчани.