Book Creator

Kако растат децата

by Biljana Kolevska

Cover

Loading...
КАКО РАСТАТ ДЕЦАТА
Thought Bubble
Loading...
Loading...
Kрајот на учебната година е на прагот. Учениците од прво одделение се насмеани. Како и не би биле! Доаѓа летото,а толку го очекуваат.
Ах, бре, деца! - се смешка и наставничката Дафина. Како ластарчиња во пролет сте... Брзо растете. Како да цветате и да летате.
Thought Bubble
Тие станаа уште повесели и понасмеани. А и се гледаат едни со други за да се уверат кој колку пораснал. И девојчињата и момчињата.
Времето си лета...А секое од вас, си цвета... Како да сте цветчиња во букетчиња... Се сеќавате ли колку бевте мали? А и весели како мачиња? Но, оваа година израснавте во првачиња.
Thought Bubble
Многу нешта научивте, затоа и ќе си знаете...Само си учевте и си траевте...

Децата се смешкаа, зашто некои зборови наставничката Дафина им ги римува. Како да пишува песна за растењето. Таа е задоволна од нив. А и тие од неа. Прво одделенците се како семејство во кое има љубов и разбирање.
Thought Bubble
Значи, најпрво бевте разиграни како мачиња, а потоа станавте
Првачиња! - извикаа во еден глас. - Од „мачиња„ - првачиња!
Speech Bubble
Speech Bubble
Таа пак се изнасмеа, затоа што и го прифатија римувањето на зборовите.
Thought Bubble
Вторачиња! - пак беа едногласни. Од првачиња - вторачиња!
Добро,а од есен нема да бидете првачиња - туку?
Speech Bubble
Speech Bubble
PrevNext