Book Creator

Ден на македонскиот јазик

by Julijana Todorovska

Cover

Loading...
5-ти Мај – Денот на македонскиот јазик

           Македонскиот јазик е балкански и јужнословенски јазик со важен старобалкански слој и граматика. Нашите предци оставиле значајни докази низ времето и историјата преку носиите, фолклорот, архитектурата, музиката, делата и записите на интелектуалните дејци и македонисти.
           Македонскиот јазик се карактеризира со почеток од деветтиот век со писмена активност базирана врз промени во темелите на старословенските црти и црковнословенскиот период. Македонската книжевна историја започнува со основањето на Охридската книжевна школа во Охрид во деветтиот век со помош на Климент Охридски. Јазичните и правописни црти ја продолжија дејноста на Кирил и Методиј. Од тука народот го пронајде својот јазичен и културен идентиет. Подоцна, низ историјата на создавањето на нашиот јазик забележуваме поклопување на просветителството со погледите на јазикот на македонските претставници. Книгите на Јоаким Крчовски се со црковна содржина наменети за приближувањето на верата до народот. Додека пак, Теодосиј Синаитски во „Предговорот“ имал јасен став за просветителството. Споден него, народниот јазик е железниот клуч што го отвара срцето на народот и јасно ја наметнува потребата за употреба на јазикот на места каде што се собира народот на начин да може секој да го разбере.
Македонските просветители се залагале за употреба на македонскиот народен јазик, додека пак учебникарите се залагале за оформување на единствен литературен македонски јазик.
Меѓу македонистите кои особено се залагале за сите карактеристики на македонскиот јазик, со почит треба да се истакнат првите лингвисти и слависти кои работеле и твореле пред да се стандардизира македонистиката. Тоа се: Крсте Петков Мисирков, Ѓорѓија Пулевски, Јордан Хаџиконстантинов-Џинот и други. 
Крсте Петков Мисирков за првпат своите записи на македонски јазик со македонска азбука ги објавил во 1900 година во неговото капитално дело „За македонцките работи“, каде што ја истакнува посебноста на македонскиот јазик, залагајќи се за формирање на македонски литературен јазик потпирајќи се на централно македонски говори врз кои соседните јазици не можеле да вршат влијание.
Ѓорѓија Пулевски, македонист, лексикограф, автор на првата печатена македонска граматика и автор на една од првите реченици на македонски јазик. Најголемиот македонист во тоа време.
Јордан Хаџиконстантинов-Џинот, преку првиот буквар на македонски јазик го изразува стремежот за употреба на македонски јазик и ја истакнува својата македонска свест.
Од особено значење за историјата на македонскиот јазик е Првото заседание на АСНОМ, моментот кога Президиумот на АСНОМ назначува комисија составена од македонски филозофи и општествени дејци кои требало да поднесат предлог за азбуката и правописот на македонскиот јазик чие прашање се решило во мај, 1944 година. За оформувањето на македонскиот јазик, голем одраз во јазичната практика потенцира Блаже Конески, кој ја стандардизира литературната и јазичната норма.
Реџинард Џорџ Артур Де Бреј кој бил македонист, славист, научен работник, полиглот и предавач од Санкт Петербург вели: „Каква иронија е ова на историјата! Народот чии предци им го дале на словените првиот литературен јазик, беше последен на кој му се призна јазикот како словенски јазик!“.

Екатерина Стојановска IX-б одд.
ООУ „Димитар Македонски“
Љубовта кон мајчиниот јазик

 Еднo од вродените чувства на човекот е да сака. Многумина од нас сметаат дека љубовта е она чувство кое се јавува кон одредена личност со која сакаме да бидеме. Но, љубовта не само тоа. Љубовта ја чувствуваме и кон родителите, другарите, кон татковината и кон нашиот мајчин јазик.
 Македонскиот јазик е нашиот долг и наше право.Тоа треба да се брани и да се сака како нешто свето. Секој Македонец треба да ги негува чувствата на љубов кон македонскиот јазик и да го сака неизмерно. Нашите предци со векови се обидувале да го создадат, усовршат, задржат, но и заштитат од влијанието на соседните јазици. Еден од нив е и Крсте Петков Мисирков, кој напишал ,,Милоста кон родниот јазик е нашиот долг и наше право. Еден народ што го изгубил својот јазик личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди ни кој е!“. Но, дали се почитуваат неговите зборови? Нашиот македонски јазик, особено помладите генерации не го чуваат како што треба. Некои зборови се изменети или избришани, на нивно место доаѓаат нови модерни зборови кои ја менуваат структурата и јазикот. Се повеќе се употребуваат и странски зборови. Но зошто ја потценуваме макотрпната работа и сиот долгогодишен труд?
  Јазикот како јазик веќе постои, утврдени се сите граматички и првописни правила. На нас останува да го сочуваме.Тој е најсилното средство за нашиот културен живот и напредок и зато треба да го негуваме, почитуваме и сакаме.

Јане Митев, 8в одд.
Мојот мајчин јазик

Македонскиот јазик е светлото мое,
тој има важно минато свое.
Македонскиот јазик има голема вредност,
затоа Македонците имаат голема предност.

Тој е омилен јазик наш,
Ако го научите ќе биде и ваш.
Благодарение на него го пишувам ова,
благодарение на него пеам песни разни,
благодарение на него слушам приказни важни,
благодарение на него учам прекрасни сказни.

Сонцето одамна над Македонија стои,
уште од античкиот период Македонија години брои.
Нашите предци војувале со држави разни,
за Македонија да живее како во најубави сказни.
Негувај го јазикот твој,
Твојот дедо и прадедо за тоа го дале животот свој.

Јована Божинова, VIIIв одд.
OOУ„Димитар Македонски“
Денот на македонскиот jазик

Денес е петти мај,
Нашиот јазик денот го слави,
Без него ние тука нема да се разбираме,
Без него не се знае што да се прави.

Тој ни е нам јазик мајчин,
Ѓердан од сјајни, бисери јасни.
Од него нашите славни писатели
Пишувале приказни, песни разни.

Има букви триесет и една,
Дваесет и шест согласки со пет самогласки,
На македонскиот литературен мегдан,
Тие плетат зборови во најубави сказни.

Стефанија Митревска 8б
PrevNext