Book Creator

Ден на македонскиот јазик

by Julijana Todorovska

Pages 4 and 5 of 10

Loading...
Љубовта кон мајчиниот јазик

 Еднo од вродените чувства на човекот е да сака. Многумина од нас сметаат дека љубовта е она чувство кое се јавува кон одредена личност со која сакаме да бидеме. Но, љубовта не само тоа. Љубовта ја чувствуваме и кон родителите, другарите, кон татковината и кон нашиот мајчин јазик.
 Македонскиот јазик е нашиот долг и наше право.Тоа треба да се брани и да се сака како нешто свето. Секој Македонец треба да ги негува чувствата на љубов кон македонскиот јазик и да го сака неизмерно. Нашите предци со векови се обидувале да го создадат, усовршат, задржат, но и заштитат од влијанието на соседните јазици. Еден од нив е и Крсте Петков Мисирков, кој напишал ,,Милоста кон родниот јазик е нашиот долг и наше право. Еден народ што го изгубил својот јазик личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди ни кој е!“. Но, дали се почитуваат неговите зборови? Нашиот македонски јазик, особено помладите генерации не го чуваат како што треба. Некои зборови се изменети или избришани, на нивно место доаѓаат нови модерни зборови кои ја менуваат структурата и јазикот. Се повеќе се употребуваат и странски зборови. Но зошто ја потценуваме макотрпната работа и сиот долгогодишен труд?
  Јазикот како јазик веќе постои, утврдени се сите граматички и првописни правила. На нас останува да го сочуваме.Тој е најсилното средство за нашиот културен живот и напредок и зато треба да го негуваме, почитуваме и сакаме.

Јане Митев, 8в одд.
Loading...
Мојот мајчин јазик

Македонскиот јазик е светлото мое,
тој има важно минато свое.
Македонскиот јазик има голема вредност,
затоа Македонците имаат голема предност.

Тој е омилен јазик наш,
Ако го научите ќе биде и ваш.
Благодарение на него го пишувам ова,
благодарение на него пеам песни разни,
благодарение на него слушам приказни важни,
благодарение на него учам прекрасни сказни.

Сонцето одамна над Македонија стои,
уште од античкиот период Македонија години брои.
Нашите предци војувале со држави разни,
за Македонија да живее како во најубави сказни.
Негувај го јазикот твој,
Твојот дедо и прадедо за тоа го дале животот свој.

Јована Божинова, VIIIв одд.
OOУ„Димитар Македонски“