Book Creator

Петти мај ден на македонскиот јазик

by Brankica Kostadinoska

Cover

Loading...
5 Мај ден на македонскиот јазик
Comic Panel 1
На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
Comic Panel 2
Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една прилика рекол дека „Јазикот е нашата најкомплетна татковина“.
Comic Panel 3
Ние, се разбира, секогаш треба да реагираме на ширењето на такви невистини и да го запознаваме светот со историските реалности. Меѓутоа, најефикасна реакција ќе биде нашето почитување на сопствената традиција и сопствените постигања на јазичкото поле. Ние не располагаме со комоција, за да си допуштаме во тој однос лекомислености. Јас ја имав на ум токму оваа поука кога во една прилика реков дека јазикот е нашата единствeнa неподелена татковина – подвлекува Kонески.
Comic Panel 2
Цитат
Thought Bubble
Comic Panel 3
Comic Panel 4
-Ѓорѓи Пулевски и Темко Попов и декларативно и со својата практика, уште во седумдесеттите и осумдесеттите години на 19 век се определуваат за посебен македонски литературен јазик. Во самиот почеток на 20 век, Kрсте Петков Мисирков прави целосен и промислен проект за кодификација на нашиот литературен јазик. Меѓу двете војни и НОБ, од ден на ден се пишува тогаш, се разбира илегално, еден антифашистички манифест на македонски јазик – пишува Kонески.
Бранкица Костадиноска
ООУ „Димитар Македонски“
мај 2020

You've reached the end of the book

Read again

Made with Book Creator

PrevNext