Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Човекови права-заедничка книгаАнгел Крстески IX-1 ,,ОУ Кочо Рацин''
Права се основни критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество. Истовремено тие се најасниот показател за карактерот на власта.
Борбата за човекови права никогаш не завршува. Денес сѐ уште се соочуваме со расна, полова и сексуална дискриминација и сите мора да придонесеме кон борбата против нееднаквоста.
Без разлика од каде доаѓате и каде одите, мора да запомните дека државата во која моментално се наоѓате не ви припаѓа лично вам. Вие го делите ова парче земја со голем број други луѓе и токму затоа треба да се стремите кон живеење во мир со нив.
МАРТИН ЛУТЕР КИНГ
„Верба е кога не се плашиме да го направиме првиот чекор, иако не го гледаме целото скалиште.“
„Темнината не може да ја истера темнината; само светлината го може тоа. Омразата не може да ја истера омразата; само љубовта го може тоа.“
„Можеби сите дојдовме со различни бродови, но сега сите сме во истиот брод.“
„Никогаш не подлегнувајте на искушението на огорченоста.“
„Ако не можете да летате, трчајте, ако не можете да трчате, одете, ако не можете ни да одите тогаш ползете, но што и да правите никогаш не застанувајте.“
„Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината бор"
„Нашите животи завршуваат оној ден кога ќе останеме тивки за прашањата кои нѐ засегаат.“
„Секогаш е вистинско време за преземање на правилниот чекор.“
„Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.“
„Доаѓа момент кога секој мора да заземе позиција која не е безбедна, ниту политичка, ниту пак популарна, но морало да ја направат само затоа што ја послушале својата совест.“
НЕЛСОН МАНДЕЛА
,,Секогаш нешто изгледа невозможно, додека не биде направено.''
,,Каде ќе застанете, зависи од тоа каде седите.''
,,Храбриот човек не се плаши да прости.''
,,Знаењето е најмоќното оружје кое може да го промени светот.''
,, Ако дозволиме нашата светлина да биде видена, тогаш на некој начин и на другите им даваме шанса да го направат истото.''
,,Победник е оној кој знае да сонува и од сонот да не се откажува.''
,,Јас не сум светец, освен ако за светец не го сметате грешникот кој се обидува да успее.''
,,Јас сум господар на мојата верба и капетан на мојата судбина.''
,,Живејте го животот како никој да не ве гледа, а изразувајте се себе како сите да ве слушаат.''
,,Јас не сум оптимист, туку голем верник во надежта.''
Научивме да разбиваме атоми, но не и предрасуди.
Секој може да критикува, но само стручното лице знае да пофали.
Трудете се да бидете она што се, а не она што би требало да бидете.
Човекот кој знае да го прикрие своето незнаење знае многу повеќе.
Наша работа не е да гледаме што се надзира во далечината, туку она што е јасно поставено пред нас.
Кога барате совет, размислете за можноста на неговото прифаќање.
Кога некој е вреден слуга, жалосно би било да стане господар.
Светот е опасно место за живеење, не заради злобните луѓе, туку заради добрите кои ништо не превземаат.