Book Creator

Буква Ц

by Elena Gasevska

Cover

Loading...
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ГОЛЕМА БУКВА Ц
Loading...
Што може да биде Ц ? 
Ц може да бидееее.....
Thought Bubble
Ц
РВЕЦ
Ц
Црна овЦа
Или црна овца во бело стадо 
Thought Bubble
Цвета
Цвекиња
Цветко црвениот од село Цапари
Приказнава е стокмена за еден Цветко од битолското село Цапари. Сите цапарчани го викале Цветко црвениот. Демек бил црвен во лицето ко црвена пиперка. Како цела крв што ја имал да му била собрана во лицето. Црвен, црвен, ама бил здрав како дрен. Од ништо не се плашел. По цели ноќи шетал по планината, налето спиел надвор, во дворот, под цреша. Со Цветка се чуделе и старо и младо. А, ќе заборавев! Цртал многу убаво.
Одел дури во Крушево за да го нацрта црешовото топче. Ги цртал и куќите во Цапари. Цапарчани мислеле дека се фотографии. И, така, ви велам, овој Цветко бил надарен за многу работи. Но, по она што го паметат цапарци… е, тоа е друга приказна. Ами, таа година во Цапарска Планина дошла мечка, познатата мечка Цвета. Си направила дувло, родила две мечиња и почнала да слегува в село. Цел мед им го изела на цапарчани. Се собрале ловџиите, ништо. Цело Цапари излегло в планина – ништо.

Еден ден тргнал да ја бара Цветко… да ја бара мечката. Горе, на врвот од планината, седнал на еден камен, се напил вода, извадил лист хартија, ги извадил боиците и почнал да ја црта мечката со мечињата. Си црта, си црта Цветко и кога си рекол дека цртежот е готов… се свртел и кога… зад него мечката Цвета со мечињата. Се загледала во цртежот, гледа, гледа. Цветко?!.. Цветко замрзнал од страв. Седел некое време така…

– Ако ми е пишано да ме изеде, нека ме изеде, јас тргнувам и си одам в село – си подрекол како за себе Цветко и тргнал.
PrevNext