Book Creator

Тажниот штурец

by Malina Petreska

Pages 2 and 3 of 6

Loading...
Thought Bubble
Loading...
Сред зима штурецот се сети на летните сончеви дни. Затоа ја побара својата виолина. Ги затегна жиците, го откачи гудалото од ѕидот и посака да засвири гласно. Но напразно! Дома не ќе има кој да го слуша. А песната не е песна ако нема кој да ја слуша, ако и другите не се радуваат.
Loading...
Така, без размислување излезе надвор. И што да види: белина, широка снежна белина над која царува длабока, ледена тишина...
Студен бран од зимскиот ветер го удри в гради.
-Врати се, свирачу славен! Уште е рано-му рече потокот.
-Не можам да издржам веќе без свирка! - се пожали штурецот тресејќи се од студ.
-Немој, се има свое време!-го убедуваше потокот.
-Срцето ќе ми препукне ако не засвирам!
-Почекај да дојде пролетта, ќе свириш!
-Па јас и за тоа свирам, за да ја повикам неа!
Loading...
Loading...
Speech Bubble

You've reached the end of the book

Read again

Made with Book Creator