Loading...
Loading...
Моето Вевчани Вевчани - местоположба и население
Вевчани се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Распослано е на падините на планината Јабланица, на просечна надморска височина од 900 метри, 12 километри северозападно од Охридското Езеро. Вевчани е атипична македонска општина со едно населено место чиј атар од 36 квадратни километри во еден дел ја допира граничната линија со Република Албанија. Според пописот од 2002 година, во Вевчани живеат 2433 жители во 593 активни семејства. Во населбата има уште 300 полуактивни и викенд куќи. Жителите се Македонци, со православна христијанска вероисповед. (од веб-страницата на Атанас Ќушкоски)

Легенди и преданија за Вевчани
Легенда за населувањето на Вевчани
За населувањето на првите семејства и родови во Вевчани досега сè што се знае се темели врз претпоставки и легенди. Така, првите населени вевчанци биле браќата Калан и Алула. Крај убавиот извор на реката со како мраз студена вода и лете, решиле да се населат. Но, интересно, не изградиле домови еден покрај друг. Маалото Алуловци се наоѓа на врв, таму под самата планина, каде што завршува Горно Маало, а домовите на Калановци се наоѓаат на другиот крај на селото, односно таму каде што тоа почнува крај последните ниви по полето. Оттогаш, веројатно, минале векови. Но сродството и блискоста меѓу овие две маала останале зачувани. И денеска, по толку време, живее преданието дека се овие два рода блиски.

Легенда за Бела Плоча ,,Св.Спас“
За постоењето на ова светилиште живее легенда спoред која на ова место имало една плоча - поголем камен блок со бела боја - според која и местото го нарекувале Бела Плоча. Заради светоста на местото тука се палеле свеќи. Но, во турско време, велештани се обиделе да ја украдат неа и да ја однесат во Велешта за да им служи при обред во гробиштата. За таа цел ангажирале повеќе коли со волови и биволи. Но тие тешко се движеле. Се говори дека искршиле дваесет коли, а со плочата едвај стигнале до местото Пелвец. Бидејќи не можеле да ја влечкаат повеќе, ја оставиле и отишле кај некој гледач. Тој им кажал дека плочата не се помрднува бидејќи е од вакоф и ги посоветувал да ја вратат или да ја остават тука. Тие ја оставиле. Во непосредна близина, во Вакоски Ливаѓе, во мала куќарка живеела некоја си Сава Баткоска. Таа имала две биволици и две биволчиња, и со помош на неколкумина вевчанци ја товарила плочата на една двоколка и тргнала кон Вевчани. Биволчињата неа ја носеле сосема лесно, сѐ додека не стигнале на влезот од Вевчани, на истото место од каде што таа била однесена. Тогаш се договориле дека нејзе местото ѝ е тука, ја истовариле и над неа ставиле покрив, односно направиле параклис, што го нарекле Св. Спас.