Loading...
Ден на македонскиот јазик 5 Мај
Ден на македонскиот јазик
5 Мај
5 Мај
Кодификацијата е прифаќање и систематизација на јазични правила и закони и пропишување задолжителна јазична норма. Таа претставува значаен чин во историјата на еден народ.
Кодифицираниот јазик е нормиран јазик.
Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
*со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава;
*На 3 мај 1945 година, Комисијата за азбука и правопис ( предводена од Блаже Конески) донесе резолуција со која во дефинитивна форма се утврдува азбуката и правописот на македонскиот јазик.
Два дена потоа, на 5 мај 1945 година, Народната влада на Федерална Македонија (претседател: Лазар Колишевски) ја усвои таа резолуција.
со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај1945 година за македонската азбука;
*со официјалното усвојување на македонскиот правопис - 7 јуни1945.

„Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник.“
„Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш исто така како што е наша татковината.“
„Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане верен на духот на своите прадедовци.“
Твориме на македонски јазик
На литературниот детски фестивал „Ракатки 2021 година“, нашата ученичка Катерина Русевска, VII одделение, го освои првото место со песната „Другарство“.
Двете објавени песни на Теона Плушкоска, VII одделение
Книга
Од книга многу ќе научиш,
ти, мило умно дете ,
но, знај книгата не се остава
ниту зиме, ниту лете.
Кога сонцето светло сјае,
кога кучето бесно лае,
кога птицата весело пее,
па дури и кога играта,
нови другарства сее.
И покрај сите твои,
пријатели драги,
другарувај со книгата,
ќе ти биде најблиска во играта,
ќе остави неизбришливи траги.
Така низ животот,
ќе чекориш лесно,
дури и кога пред тебе
нема пат и се наоѓаш во тесно.
Од книга многу ќе научиш,
ти, мило умно дете ,
но, знај книгата не се остава
ниту зиме, ниту лете.
Кога сонцето светло сјае,
кога кучето бесно лае,
кога птицата весело пее,
па дури и кога играта,
нови другарства сее.
И покрај сите твои,
пријатели драги,
другарувај со книгата,
ќе ти биде најблиска во играта,
ќе остави неизбришливи траги.
Така низ животот,
ќе чекориш лесно,
дури и кога пред тебе
нема пат и се наоѓаш во тесно.
Пролет
Низ полиња и гори,
в рани зори,
со цвеќиња во бои,
пролетта доаѓа
во краишта мои.
Детски весел глас
насекаде околу нас,
сонце жолто-златно
ве кани во овој час.
Славеј разлева песна
певлива, пролетна, лесна.
Ластовици назад од југ
вртат пролетен круг.
Се разбуди Баба Меца.
Пролет е мои деца!
Ќе го јаде сиот мед,
пчелки, на вас е ред.
Пролетта ја сакам мила,
облечена во свила,
со волшебна сила,
насекаде се скрила.
Низ полиња и гори,
в рани зори,
со цвеќиња во бои,
пролетта доаѓа
во краишта мои.
Детски весел глас
насекаде околу нас,
сонце жолто-златно
ве кани во овој час.
Славеј разлева песна
певлива, пролетна, лесна.
Ластовици назад од југ
вртат пролетен круг.
Се разбуди Баба Меца.
Пролет е мои деца!
Ќе го јаде сиот мед,
пчелки, на вас е ред.
Пролетта ја сакам мила,
облечена во свила,
со волшебна сила,
насекаде се скрила.